Кошарка

Блог вести

  • Кошарка 08.03.2016 13:33

    Ново шоу на Вориорс и на неверојатниот Кари

    Нов незаборавен меч на Стефон Кари за негов и рекорд на Голден Стејт. Шампионот го совлада Орландо со 119:113, ја оствари 45 победа по ред на домашен паркет и го надмина постигнувањето на Чикаго од пред 20 сезони.

  • Кошарка 06.03.2016 21:29

    Цедевита – МЗТ Скопје 89:64

    МЗТ го обезбеди опстанокот во Јадранската лига со победата над Тајфун минатото коло, па гостувањето кај Цедевита на крајот на сезоната имаше ревијален карактер. Резултатот е последица на пристапот и отсликува како се одвиваше натпреварот.

  • Кошарка 06.03.2016 21:27

    Леброн го мина Тим, Сан Антонио со 53 сезонска победа

    Уште една вечер за незаборав на Леброн Џејмс, кој го предводеше Кливленд до победа над Бостон од 120 :103 иако гостите водеа со 18 разлика во првиот период.

  • Кошарка 06.03.2016 16:36

    За крај против евролигашот Цедевита

    Последното гостување на македонскиот шампион во Јадрнаската лига е без посебен резултатски императив.

  • Кошарка 04.03.2016 20:13

    Голден Стејт и Кари продолжуваат со рекорди

    Шампионот славеше со 121:106 а во враќањето по повредата на скочниот зглоб Стеф Кари постигна 33 поени, постигна 5 тројки за разлика од гостувањето кај истиот ривал пред пет дена кога го израмни НБА рекордот со 12 тројки на еден натпревар. Томпсон додаде 21 а Грин и Барнс по 14 поени.

  • Кошарка 03.03.2016 14:54

    По Голден Стејт и Сан Антонио обезбеди плеј - оф

    Во 11-те ноќешни НБА натпревари највредна е победата на Сан Антонио против Детроит од 97:81. Со ефект 51:9 Спарс се втората екипа по Голден Стејт којашто и теоретски обезбеди пласман во плеј - офот.

  • Кошарка 26.02.2016 20:13

    Нов рекорд на Кари

    Петте ноќешни НБА натпревари минаа во знакот на уште еден рекорд на Стефон Кари. Кошаркарот на Голден Стејт, 128 натпревар по ред постигна најмалку една тројка, односно десет во победата на шампионот на гости кај Орландо со 130:114.

  • Кошарка 26.02.2016 14:34

    Тајфун е клуч за опстанокот на МЗТ Скопје во АБА

    Ако опстанокот во АБА, а со тоа и сезоната се решава во еден натпревар, за МЗТ Скопје нема полесен противник од Тајфун. Не затоа што дебитантот во Јадранската лига е неквалитетен или затоа што се наоѓа на дното на табелата, туку поради лошата низа со којашто ќе истрча во „Јане Сандански“.

  • Кошарка 16.02.2016 13:53

    Дербито Работнички – МЗТ Скопје по 4 пат сезонава

    Старите ривали во нова пресметка, Работнички го пречекува МЗТ Скопје во последниот дуел од 17 коло во кошаркарското првенство.

  • Кошарка 08.02.2016 18:00

    Кошарка – 23.коло, Јадранска лига

    Традицијата е на страна на Будуќност, но МЗТ Скопје може да одигра растоварено против водечкиот тим во АБА лигата и да се надева на победа со којшто и теоретски ќе обезбеди опстанок во јадранското друштво.

Pages