Кошарка

Блог вести

  • Кошарка 09.11.2015 15:59

    Јадранскиот против македонскиот шампион

    Шампионот во Јадранската лига не може да не биде носител на фаворитската улога кога гостува во Скопје. Но македонскиот првак лани го намачи белградскиот тим, а пред две години го совлада пред своја публика.

  • Кошарка 05.11.2015 15:03

    Пет земји во најтесниот круг за организатори

    Пет земји истакнаа кандидатура за организација на Европското кошаркарско првенство во 2017-та. ФИБА Европа денеска објави дека Финска, Израел, Полска, Романија и Турција го испочитувале рокот и се пријавиле за домаќини на следниот, 40-ти Евробаскет.

  • Кошарка 04.11.2015 15:48

    Победнички императив за Куманово против КТП

    Вицешампионското место во ланското првенство го охрабри Куманово наместо во балкански, сезонава да се тестира во континентални рамки, во ФИБА Европа купот. Откако загуби на гостувањето кај Турк Телеком со 22 коша, македонскиот претставник денеска ќе го пречека КТП.

  • Кошарка 03.11.2015 17:27

    Леброн соборува рекорди

    Четири гостински победи, новиот рекорд на Леброн Џејмс кој стана најмлад играч во историјата на НБА со 25.000 постигнати поени и триумфот на Голден Стејт над Мемфис изразен со 50 поени разлика беа главното обележје на 7-те средби одиграни во американската професионална кошаркарска лига.

  • Кошарка 31.10.2015 21:07

    Лекцијата не е научена, пораз по ист рецепт и во Ново Место

    72:68 за Крка. Се што изградија во првите 20 минути, урнаа за само 5 во третиот период, кошаркарите на МЗТ Скопје. Во многу нешта, овој загубен меч наликуваше на оние кај Мега и Партизан, па сега може слободно да се прашаат себе си што ќе беше ако од тие три средби извлечеа три победи.

  • Кошарка 30.10.2015 15:59

    МЗТ на гости кај Крка

    Аеродромци немале серија од три јадрански победи, не паметат од кога. МЗТ игра во одлична форма во регионот, по неубедливиот старт на четвртата регионална сезона. Но, следниот противник е еден од „незгодните“ за македонскиот шампион.

  • Кошарка 30.10.2015 15:58

    Три средби во НБА понудата, сите на линијата на возбудата

    Клиперс ја забележаа и втората победа во новиот шампионат, со убедлив перформанс против Далас, 104:88. На фронталната линија беа Де Андре Џордан и Дирк Новицки, кои што неколку пати директно се пресметаа, за среќа само кошаркарски.

  • Кошарка 29.10.2015 14:37

    Почина Ранко Жеравица

    Творецот на модерната југословенска кошарка, замина во легендите. Ранко Жеравица почина на 86 годишна возраст, утринава во Мадрид. Остави белег на ЈУ-просторите, но и во севкупниот кошаркарски менталитет на стариот континент.

  • Кошарка 28.10.2015 14:48

    Шампионот со победа, Атланта со пораз

    Со три средби почна новата сезона во американската професионална кошаркарска лига. 40 поени на Стефан Кари во стартната победа на актуелниот шампион Голден Стејт во дуелот со Њу Орлеанс за конечни 111- 95.

  • Кошарка 21.10.2015 15:04

    Куманово против МЗТ, време е за дерби

    Куманово вечер ќе го пречека МЗТ Скопје во дербито на второто коло во Првата кпшаркарска лига на Македонија (пренос МРТ Собраниски од 20 часот).

Pages