• Култура 23.08.2017 16:05

    56-то издание на Струшките вечери на поезијата

    Со традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата, почна 56-тото издание на Струшките вечери на поезијата. На првото поетско читање на константиновата „Т'га за југ“ дел од учесниците заедно со годинашниот лауреат, американскиот поет Чарлс Симиќ.

  • Култура 23.08.2017 11:18

    Почнуваат Струшките вечери на поезијата

    Со засадување дрвце во Паркот на поезијата во чест на годинашниот лауреат, Чарлс Симиќ, и традиционалното читање на песната „Т'га за југ“, во Струга почнува 56-то издание на Струшките вечери на поезијата.

  • Култура 22.08.2017 14:51

    Пиер Лом- добитник на „Златна камера 300“

    Светски познатиот француски кинематограф Пиер Лом е добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ на 38-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

  • Култура 21.08.2017 13:31

    Шелева претседател на УО на СВП, Димковска и Дурацовски членови

    Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски ја донесе одлуката за именување членови на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Функцијата претседател ќе ја врши Елизабета Шелева, редовен професор на катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолишкиот факултет.

  • Култура 16.08.2017 15:21

    Викендов почнува „Македокс“

    Со македонската премиера на документарниот филм „Со љубов“ в недела на платото пред Куршумли- ан ќе биде отворен фестивалот „Македокс“. Филмот e во режија на Илија Цветковски и ќе се прикажува во програмата млади автори.

  • Култура 16.08.2017 13:05

    Лешоски се повлече од Струшките вечери на поезијата

    Дарко Лешоски се откажува од претседателствувањето со Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Лешоски изјави дека е отворен за секаква помош кон враќањето на некогашната слава на оваа манифестација.

  • Култура 14.08.2017 16:45

    „Супер Скопје“ во наредните четири викенди

    Во наредните четири петоци и саботи на различни локации низ главниот град ќе се одржува новата музичка манифестација „Супер Скопје“.

  • Култура 11.08.2017 12:09

    Музичко-кабаретска вечер на програмата на „Охридско лето“

    Вечерва на репертоарот на „Oхридско лето“ се два концерта. Ќе се одржат во црквата „Света Софија“. Од 20 часот и 30 минути настапува ансамблот „Mаскерина“ од Франција којшто обединува музичари чиј основен интерес е барокната музика.

  • Култура 09.08.2017 11:16

    Пет стихозбирки во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“

    Жири- комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик, издадена помеѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата, од пристигнатите 38 книги од 37 автори на конкурсот, направи потесен избор од пет книги.

  • Култура 07.08.2017 11:09

    Почнува Пиволенд 2017

    Од денеска до 12-ти август на Скопско кале ќе се одржува јубилејниот, 10-ти по ред, Пиволенд 2017. Пиво, музика и фудбал- организаторите велат, одлична комбинација за незаборавно доживување. Најавена е богата музичка програма и над 100 вида пиво.

Pages