• Македонија 19.07.2014 17:39

    СОНК со поддршка за професорите кои добија отказ

    Универзитетскиот ректорат во Штип има рок до понеделник да ги унапреди во повисоко звање тројцата професори, кои добиле отказ од Економскиот факултет. Доколку тоа не се случи, највисокото раководство на синдикатот за образование од вторник ќе почне штрајк со глад.

  • Македонија 19.07.2014 17:24

    Слаб почеток на туристичката сезона

    Првите 20-тина дена од главната туристичка сезона на охридското крајбрежје поминаа далеку под очекувањата,барем кога се работи за домашните и туристите од соседните земји.

  • Македонија 19.07.2014 17:16

    Седма групна крштевка во реката Бабуна

    Петгодишната Анастасија денеска по групната крштевка во реката Бабуна се соедини со Бога.

    „Јас денеска се крштевав. Најинтересно ми беше кога попот ме зема во раце“, вели Анастасија Митревска.

  • Македонија 19.07.2014 17:10

    Камп туризам на Пивофест

    Илјадници посетители, ладно пиво, добра дружба, најпозитивната атмосфера во Македонија овие денови. Ова е сликата за Пиво фест Прилеп, кој трае веќе 2 дена. Освен преполните хотелски капацитети, гостите од Македонија и Европа го запоседнаа и „Паркот на револуцијата“ каде спијат под шатори.

  • Македонија 19.07.2014 16:46

    Германски модел на студирање на медицинските факултети

    На државните медицински факултети во земјава од септември стартува имплементацијата на германскиот модел на студирање. За прв пат студиите ќе се поделат на претклинички и клинички, а студентите ќе посетуваат и задолжителна практична тримесечна обука за болничко згрижување.

  • Македонија 18.07.2014 20:00

    Сепак ќе се гради хотелот на Водно

    Сепак ќе се гради хотелот на Водно. Помина предлогот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Центар за измени на ДУП-от. Барокната фасада на ГТЦ тргната од дневен ред. Одлуката е донесена во присуство на претседавачот Мирослав Шиповиќ кој гласаше против.

  • Македонија 18.07.2014 19:20

    Меркел разговарала со Самарас за името

    За само четири  дена германската канцеларка Меркел по вторпат се осврна на македонската интеграција во Европската Унија поврзана со грчката бариера, односно спорот со името.

  • Македонија 18.07.2014 19:11

    Откриен идентитетот но не и причината за смртта

    Jован Цилаков е мртвиот маж кој синоќа во Велес беше пронајден облеан во крв во дворот на Гимназијата и Хемиското училиште, официјалнo потврди полицијата. Но од таму нема официјална информација како настанала смрта.

  • Македонија 18.07.2014 18:59

    Метео

    Периодот на сончево време претпладне, а нестабилно, врнежливо и ветровито попладне продолжува и
  • Македонија 18.07.2014 17:29

    Протестите завршија мирно и без инциденти

    Од Јаја Пашината џамија до Мавровка, трет петок протести поради пресудите во случајот „Монструм“. Од денеска со организатор и координативно тело со кое раководи Бедри Хајдари, брат на еден од осудените. Побараа да ги посети Народниот правобранител и да бидат ослободени.

Pages