• Македонија 18.02.2014 17:24

    Протести на стечајни работници

    Незадоволни што не се опфатени со Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација, стотина стечајни работници од Кумановско излегоа на протест. Обвинуваат дека со Законот се решава проблемот на мал број стечајни работници, а не на мнозинството...

  • Македонија 18.02.2014 17:17

    Арбитражата заштедува пари

    Се штеди не само време, туку и пари. Споровите вредни повеќе милиони евра, кои се влечат низ судските лавиринти по 4-5 години, добиваат завршница  најмногу за една година.

  • Македонија 18.02.2014 16:53

    Австрија лобира за Македонија во ЕУ

    Политичките односи меѓу двете земји се беспрекорни а економската соработка во подем. Ова се поентите од средбата на македонскиот  премиер Никола Груевски со неговиот австриски колега, канцеларот Вернер Фајман.

  • Македонија 18.02.2014 16:18

    Опожарено возило на инспектор во Битола

    Синоќа околу 23 часот настрада автомобилот на  раководител на инспекциски служби во општина Битола. според СВР –Битола, по обивањето на вратата од гаражата, автомобилот бил запален со засега непозната запаллива течност.

  • Македонија 18.02.2014 16:11

    Исплатени субвенции за одгледување овци

    Исплатени се 129,6 милиони денари субвенции за одгледување овци. Финансиска подршка од по илјада денари по овца добиле 1054 сточари, соопштија од Министерството за финансии.

  • Македонија 18.02.2014 15:41

    Метео

    Подрачјето на Македонија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на јужно воздушно струење, така што и утре нѐ очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.

    За подетални информации...

  • Македонија 18.02.2014 15:23

    Испреплетканост во „Шпион“

    Двајца поранешни вработени во МВР и еден лекар обвинети за уцена и изнуда во случајот „Шпион“ ја дадоа својата одбрана јавно. Иако постојат аудио снимки што тајно ги направил првообвинетиот Марјан Ефремов тие негираа дека припаѓаат на група која го уценувала докторот Бобан Пешиќ.

  • Македонија 18.02.2014 15:13

    Венизелос очекува помош од Николиќ за името

    Според Евангелос Венизелос, кој е во Белград на средби со српскиот државен врв, претседателот Томислав Николиќ можел да помогне во надминувањето на разликата околу името со Македонија, јавува постојаниот дописник на МРТ од Србија.

  • Македонија 18.02.2014 15:05

    Македонски манифест:не треба додворување

    Ова е ставот на членовите на Македонскиот манифест во пресрет на посетата на Евангелос Венизелос, грчкиот шеф на дипломатијата  на Република Македонија в четврток, во рамките на турнејата низ земјите од Западниот Балкан.

  • Македонија 18.02.2014 13:49

    Бесими: Посетата на Венизелос е конструктивен чекор

    Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими во Центарот за европски политики во Брисел имаше обраќање за „Европската иднината на Македонија – Перспективите и предизвиците“. 

Pages