Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија и заменик-претседател на Европската комисија, Федерика Могерини денеска ќе се обрати пред пратениците во македонското Собрание.
-
Македонија 19.04.2018 08:23
-
Македонија 18.04.2018 16:14
Партиите со различни ставови за извештајот на ЕК
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средба со комесарот Хан. Посочил дека европскиот пат е единствениот по кој треба да се движи земјава. Укажал оти опозицијата суштински го подобрила квалитетот на реформските закони.
-
Македонија 18.04.2018 16:09
Македонија ќе добие најсовремен и автоматизиран противградобиен систем
Со грузиска техничка помош земјава ќе добие најсовремен и автоматизиран противградобиен систем, најави ресорниот министер Николовски.
-
Македонија 18.04.2018 15:42
Мобилна дијагностика на вирусен хепатит и болести на црниот дроб
Промовирани највисоките научни достигнувања од областа на мобилната дијагностика на вирусниот хепатит и другите болести кај црниот дроб. Мобилниот Инфо- хеп центар е опремен со најсофистицирана опрема која ја заменува биопсијата на црниот дроб и тестетињето преку крвта.
-
Македонија 18.04.2018 15:30
Јовановска: Нема смртност на доносени деца, туку на предвремено родени
Клиниката за гинекологија ќе побара смртноста на предвреме родените бебиња при евиденцијата да се заведува од 25-та гестациска недела, по примерот на дел од соседните земји. Оттаму објаснуваат дека е потребно да се разбие стравот кај младите мајки дека на оваа клиника умираат бебиња.
-
Македонија 18.04.2018 15:10
Системот за следење на комуникациите позитивно оценет во извештајот на ЕК
Системот за следење на комуникациите и на безбедносните служби позитивно оценет во извештајот на Европската комисија за Македонија. Министерот Спасовски вели дека полицијата почнува реформи и во јавната безбедност. Усвоена е и стратегија за развој на полицијата.
-
Македонија 18.04.2018 14:55
Николоски: Извештајот школски може да се оцени со двојка
Извештајот школски може да се оцени со двојка, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Не постои област во која што е постигнат чист напредок. Забелешки има за јавната администрација, судството, борбата против корупцијата и за организираниот криминал, изјави потпретседателот на партијата, Николоски.
-
Македонија 18.04.2018 14:50
Метео: Утре променливо облачно, за викендот стабилно време
Утре во Македонија се очекува променливо облачно време, на места со појава на повремен локален дожд и ретки грмежи, особено во јужните делови од земјата.
Ќе дува умерен ветер од северен правец. Највисоката дневна температура на воздухот ќе достигне до 26 степени.
-
Македонија 18.04.2018 14:23
Џафери: Добар почеток за враќање на европската агенда
Ова е добар почеток за враќање на европската агенда.
-
Македонија 18.04.2018 13:21
Спасовски: Приведен Фејзи Азири, се трага по Демири и Исмаиловиќ
Случајот со апсењето на Фејзи Азири, еден од обвинетите во „Монструм“ е целосно расчистен и тоа воопшто не е задоцнето, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.