Формула 1

Рено ќе демонстрира моќ во Канада

04.06.2014 11:59

Почнаа лошо, претсезонските тестирања беа кошмарни, по 6 трки го подигнаа квалитетот, сега францускиот производител на агрегати за дел од болидите во формула 1 најавува дека вистинската моќ ќе ја демонстрира на трката за ГН на Канада.

„На последните 4 трки инсталиравме неколку елементи кои ги подобрија перфомансите, процесот ќе го завршиме во Монтреал што ќе ни овозможи да ја видиме вистинската сила на нашиот агрегат“-изјави Реми Тафин , еден од шефовите на тимот на Рено.

Генерално, новитетите на надградбите на моторот се во подобрените софтверски решенија со цел да се елиминираат проблемите на МГУ-Х единицата со кои се соочи Фетел на трката во Монако.

Според најавите од Рено очекуваат нивната брзина на правците на патеката во Монтреал да надмине 330 километри на час, а агрегатот без проблем да ги издржи искушенијата што ги носи трката која во голем дел се вози под полно оптоварување на погонската единица.