Формула 1

Премиерен пoл за Розберг во Канада

07.06.2014 20:26

Зад Германецот, очекувано, се пласира неговиот тимски колега, Луис Хамилтон.

Нико Розберг стигна до 7-та пол позиција во неговата кариера, прва на трката за ГН на Канада на ултра брзата патека Жил Вилнев.
 
Зад Германецот, очекувано, се пласира неговиот тимски колега, Луис Хамилтон. Розберг прв пат сезонава врза две пол позоции, има вкупно три, наспроти четирите на Хамилтон, кој што освои два пати по две.
 
Историјата не е на страната на Розберг. Германецот се бори со традицијата – само Сена во 90-та победи во Монако и во Канада, во последните три Ф1 децении, а патем никогаш не стартувал и не завршил подобро од 4-та позиција во Монтреал.
 
Зад лидерот и вториот во генералниот пласман, од вториот ред ќе стартуваат актуелниот и четирикратен шампион, Себастијан Фетел од Ред Бул и Ботас од Вилијамс.
 
Одличниот викенд за британската екипа го потврди Маса, кој што е 5-ти. Зад него се пласираа Рикиардо, Алонсо, Верн, Батон и Раиконен во Топ 10.
 
Трката за ГН на Канада е утре, во 20 часот, во живо на МТВ.