Формула 1

Премиерна победа на Рикиардо

08.06.2014 22:40

Дебитантска победа за Даниел Рикиардо, маѓу двата болида на Ред Бул на подиумот се пласира Нико Росберг, Себастијан Фетел потсети на славните денови во минатите 4 сезони.
 
Проблемите на Мерцедес резултираа со елиминација на Луис Хамилтон, а лидерот во генералниот поредок сепак не успеа до крај да го одбрани првото место, затоа што и неговиот болид се соочуваше со губење на моќ и со малфункција на сопирачките, во третата третина од канадското ГП.
 
Фелипе Маса и Серхио Перез се судрија во претпоследниот круг и се елиминираа од пласман, Батон изненадувачки се пласира на четрвтата позиција со фуриозен финиш, а во бодови уште влегоа Хулкенберг, Алонсо, Ботас, Верн, Магнусен и Раиконен.
 
По 7 трки, прва победа за ред Бул во новата Ф1 ера, 6 победи има Мерцедес. На табелата Розберг му избега на хамилтон, со 140 бодови наспроти 118 за Британецот. На третата позиција се проби Рикиардо со 79 бодови, Алонсо падна место подолу со 69.
 
Кај тимовите, Мерцедес и натаму е неприкосновен со 258 бодови, пред Ред Бул со 139, Ферари има 87.
 
Следната трка е во Австрија, домот на Ред Бул, на 22 јуни, се разбира во живо на Македонската Телевизија.