Изгубениот авион на „Ер Алжир“ се урна во Нигер

24.07.2014 14:37

Како што информира ДПА, авионот со 116 патници се урнал откако навлегол во воздушниот простор на Ниамеј, главниот град на Нигер...

Алжирскиот патнички авион, со кој денеска беше изгубена врската, се урнал во Нигер, јави приватната алжирска телевизија „Елнахар“.
 
Како што информира ДПА, авионот со 116 патници се урнал откако навлегол во воздушниот простор на Ниамеј, главниот град на Нигер.
 
ИТАР-ТАСС соопшти дека 80 од патниците биле Французи.
 
Алжирската државна авионска компанија „Ер Алжир“ претходно соопшти дека претпладнево го загубила контактот со еден од нејзините авиони кои полетале од Буркина Фасо.
 
Комуникацијата со леталото била загубена 50 минути по полетувањето на авионот од главниот град на оваа западноафриканска земја, Уагадугу.
 
Авионот бил на својот лет од Буркина Фасо кон алжирскиот главен град.