Премиерот на Украина, Јацењук поднесе оставка

24.07.2014 19:07

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук си поднесе оставка од функцијата.  Пред пратениците во парламентот изјави дека оставката ја поднесува поради распаѓањето на владејачката коалиција и блокирањето на законските иницијативи. Претседателот Порошенко ги повика пратениците да продолжат со решавањето на важните прашања без разлика на новонастанатата ситуација, додавајќи дека опозицијата сака ресетирање на власта.