Хунгароринг е нивиот предизвик

25.07.2014 14:14

Тесна, бавна, без можности за претекнување, но и забавна, предизвикувачка, особено во квалификациите кога се вози со нови пневматици и малку гориво. Налик на Монте Карло, само без ѕидови. Хунгароринг и трката за големата награда на Унгарија е последната пред летниот одмор во Формула 1 шампионатот, иако повеќето тимови 30-те денови до СПА ќе ги минат работно во обид да го намалат заостанувањето зад засега неприкосновениот Мерцедес.

Многу публика, одлична атмосвера, бавни свиоци, нерамнини, малку грип, високи температури и можност за кратки бури е она што ги очекува пилотите во најбрзиот спорт на 11-тата трка во сезоната.

Краткиот период по германското гран при, брзата преселба на растојание од 800 километри со многу логистика дополнително ги оптовари тимовите како и сознанието дека Хунгароринг е шанса што не смее да се пропушти за порелаксирано да се дочека паузата.

А на предизвикувачката патека крај Дунав Пирели дојде со медиум и меки пневматици и со препорака дека тактиката и стратегијата можат да бидат клучни, додека второпласираниот во поредокот Луис Хамилтон со багаж од 4 рекордни победи и пол позиции во Будимпешта и со надеж дека разликата од 14 поени во однос на Росберг ќе биде анулирана пред одморот.

И ако најавите а и досегашните резултати одат во прилог на прогнозите дека Мерцедес ќе биде недостижен во оваа сезона, тогаш битката за второто место и оправдување на вложувањата и тоа како е предизвик за Вилијамс, Ред Бул, Ферари, но и МекЛарен и одличната  Форс Индија.

Термините се стандардни –европски. Сабота 14 часот квалификации и недела во истиот термин трката за големата награда на Унгарија со преноси на првиот програмски сервис на МРТ.