Ф1, оспорувана, но и атрактивна

28.07.2014 15:40

Спектакл за крај или најава за нов интересен, атрактивен, неизвесен почеток на вториот дел од сезоната во формула 1 шампионатот.

Спектакл за крај или најава за нов интересен, атрактивен, неизвесен почеток на вториот дел од сезоната во формула 1 шампионатот.

Унгарското гран-при, но и 7 дена порано големата награда на Германија се чини дојдоа во вистинско време, во период кога се погласни беа негодувањата за неинтересна сезона, за неатрактивни трки, за доминација на еден тим. Вчера конечно во 2 часа видовме се што Ф1 ја прави привлечна, магнет за милиони во светот и веднаш впечатоците и реакциите се поинакви. Живнаа коментарите, анализите, прогнозите,  па дури и оние што бараат гладијаторство и спектакл на граница на сериозни инциденти сега останаа без аргументи. Можеби малку задоцнето по комплетната доминација на Мерцедес и 9-те победи на 11-те досега одржани трки, но унгарското гран-при ги даде насоките во кои Ф1 треба да се движи, па макар и била обвинувана дека израмнетоста и атракцијата се вештачки,резултат на понекогаш неразбирливи и често дискутабилни прописи на ФИА. Но, нека е и така. Во светот на поделби на богати и сиромашни и во ерата на високата технологија и софистицирани уреди јасно е дека јазот меѓу едните и другите ќе биде се подлабок, па и вештачки создадените услови за поизрамнети трки и давање шанса на помалите можеби е чекор во вистинската насока, колку и да биде смешно вештачкото воденење на патеките, теговите во болидите на оние што се побрзи, инките на крајот на издувните системи  и низа други најавени интервенции. Зошто на крајот на денот нема ништо подобро од следењето на коментарите за возачките способности, за тоа дека некој и со полош болид ги надмудрил моќните или како што многумина напишаа дека е роден новиот светски шампион откакао Рикардо го потврди доаѓањето на нова генерација млади, исклучително квалитетни возачи.А токму за нив и за нивните тимови добредојдена е летната пауза, за дополнителен прогрес, за намалување на разликата со водечките. Мерцедес покажа дека е ранлив, Ред Бул секогаш бил моќен во вториот дел на сезоната, Ферари ќе мора да се консолидира за да не го загуби сето она што со децении го градел како прва асоцијација на Ф1. Но тука се и Вилијамс, полека се наметнаа како втор тим, Форс Индија е константна и секогаш може да ги измеша сметките, како и тимот на МекЛарен. Затоа СПА на крајот на Август се очекува со нетрпение , но и Абу Даби на крајот на сезоната, зошто на двојните поени сметаат многумина.