Хонда со шампионски амбиции

29.07.2014 19:13

Не е тајна дека Хонда со големи амбиции се враќа во Формула 1 шампионатот, но на разочарување на сите кои сметаа дека ќе можат да соработуваат и евентуално да го добијат агрегатот на реномираниот јапонски производител, од Хонда стигна потврдата дека остануваат на определбата само екипата на МекЛарен да биде дел од нивниот проект за враќање во најбрзиот спорт.
 
Додека Ферари и Рено високите трошоци за производство на софистицираните хибридни В6 турбо мотори ги компензираат со продажба на повеќе тимови, од Хонда велат дека засега немаат потреба од таква стратегија и дека својот интерес на иновациите и хибридната технологија  го гледаат  во примената на производството на автомобилите за широка употреба.
 
Проблемите со погонскиот агрегат на Рено, на сличен начин сака да ги реши и Ред Бул, односно го наговараат Лотус да се откаже од моторот на Рени и со тоа да им се отвори простор со свои вложувања директно да учествуваат во развојот на моторот на РЕно за наредната сеззона за враќање на конкурентноста особено по влегувањето на Хонда во Шампионатот.
 
Но, јапонците не се заинтересирани само за техничките аспекти, се погласни се шпекулациите дека во тимот на МекЛарен сакаат да видат барем еден од големите шампиони; Фернандо Алонсо, Луис Хамилтон или Себастијан Фетел. Но трките во канада и Унгарија сега отвораат многу простор на оваа листа да се додаде уште едно име.
 
Даниел Рикардо импресионираше со својот стил и умешност во директни дуели со претходните тројца. Алонсо и ХАмилтон велат дека тој е дефинитивно еден од најдобрите возачи на гридот,а иако се обидува да биде коректен во изјавите единствено Фетел вели дека австралиецот имал и многу среќа. Но како велат, среќата ги следи ...