ДЛУМ по повод претстојната биенална изложба „Зимски салон“, која годинава е на тема „Тело што помни“

Работилница на ДЛУМ „Што помни телото?“

09.10.2013 11:44

Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) по повод претстојната биенална изложба „Зимски салон“, која годинава е на тема „Тело што помни“, вечер во Дом на АРМ ќе организира работилница „Што помни телото?“.

- Преку презентација на релевантниот визуелен материјал и експликацијата на дадената тема, ќе бидат разгледани нејзините модалитети и аспекти кои  можат да придонесат кон подобро толкување на некои од значајните теми во уметноста денес и приклучување кон актуелните текови на современата мисла и современите актуелни стремежи во ликовната уметност, но и во концептуалната уметност, дигиталните медиуми, перформанс, акција, акционизам, настан, случување (хепенинг), паратеатар, инсталација, видео, бодиарт итн, информира ДЛУМ.
 
Работилницата ќе ја води Емил Алексиев, историчар на уметноста и селектор на „Зимскиот салон“.