Слобода за 100 милиони

05.08.2014 16:04

Кога се има не е тешко. Се е поизвесно дека тужителот ќе ја прифати понудата на шефот на формула 1, Берни Еклстон за вонсудска спогодба, откако највлијателниот човек во Ф1 понудата за вонсудско решавање на спорот за корупција и подмитување ја зголемил од 20 на 100 милиони долари.

За Берни се чини се е готово, ќе биде неосудуван и конечно комплетно ќе му се посвети на својот бизнис и Ф1 шампионатот. Најново од шефот на Ф1 е дека нема да има класичен рестарт на трките во 2015-тата по евентуалното излегување на безбедносното возило и дека тоа правило според него би било само уште едно во низата „глупави“ правила во последните неколку сезони.