Трета победа за Даниел Рикиардо, сезонава и во кариерата

24.08.2014 16:14

Австралиецот одлично ја одработе трката и заслужено стигна до пехарот на Спа, ако претпоставките беа дека во претходните две, Канада и Унгарија, можеби и случајно се наоѓаше во комбинација за триумф. Сега, Формула 1 добива нов претендент за врвот, а со оглед на системот на бодување, до крајот на сезоната во 7-те нови трки, ништо не е невозможно.

Белгиското Гран При го одбележа и продлабочувањето на кризата во Мерцедес, по контактот на Розберг и Хамилтон. Водечката екипа во генералниот поредок загуби бодови, но и најверојатно многу симпатии кај неутралните гледачи, со оглед на исвиркувањето што го доживеа Розберг по освојувањето на втората позиција. Анализите ќе покажат, дали Германецот директно влијаеше за елиминација на Британецот на 12-та трка сезонава.

Трет беше Ботас од Вилијамс, со што уште еднаш беше потенциран напредокот на англиската екипа, чиј што максимален потенцијал би требало да се види во Италија. Ферари имаше одлични квалификации, но не ги материјализира во добар пласман на двата болида. Раиконен се пласира на 4-та, а Алонсо на 8-та позиција. Бодови уште освоија Фетел, Магнусен и Батон од 5-та до 7-та, односно Перез и Квјат на 9-та и на 10 позиција.

Во поредокот води Нико Розберг со 220 бодови, пред Луис Хамилтон со 191 и Даниел Рикиардо со 156. Кај тимовите, Мерцедес има 411, следуваат Ред Бул со 254 и Ферари со 158. Монца се вози на 7-ми септември.