Азиланти - Полицијата на средба со Ромите од Прилеп

30.08.2014 16:13

Дали националната припадност го определува човек дека е потенцијален криминалец.и понатаму присутни случаи на дискриминација на Роми при премин на границата.од граничната полиција велат дека патник може да биде вратен од граница само доколку ги нема потребните документи.

Претставници на граничната полиција и ПС Прилеп остварија средба со жителите на ромската населба Тризла кои се жалат дека иако имале уредни документи не можеле да заминат во странство кај нивните блиски, со оправдување дека се баратели на азил. Ромите демантираат дека барале азил.

„Вратена сум од Табановце без никакво оправдување, патував со гарантно писмо, со патничко осигурување, со сите потребни документи, имам два сина кои живеат во Австрија и Германија, но без никаква причина ме вратија од таму“, вели Емрулоска Фелибе.

„Имав чек од пензија, сите документи, и ме вратија од граница. Оправдување беше дека ќе ни ги вратат картите, но ништо не ни вратија“, кажа Алил Рустемоски.

И од невладината Рома СОС која ги застапува ромите велат дека имало случаи на дискриминација.

„Во мај 2014 година е донесена прва судска пресуда со која се потврдува дека дискриминација кај Ром, на кого му било оневозможено да замине од Македонија, со претпоставка дека е барател на азил“, рече Џенгис Бериша од НВО Рома СОС.

Од граничната полиција пак велат дека единствено некој може да се врати од граница доколку ги нема потребните документи. Средбата имаше и советодавен карактер бидејќи најголем дел од барателите на азил се Роми.

„Да не се најдат граѓаните во заблуда затоа што се појавија и некои групи кои организирано ги носат со лажни ветувања дека ќе добијат азил, и за тоа им наплаќаат одредена сума на пари уште тука, а дел од граѓаните се случува да продадат тука и се што имаат како надеж за подобар живот кој нема да го добијат“, истакна Јане Толев, инспектор за прекуграничен криминал и миграции.

Од граничната полиција велат дека во ЕУ Македонија не се смета како кризно подрачје токму затоа ниту еден барател на азил не добил вакво одобрување.

Поради лажна документација граѓаните можат да добијат и затворска казна од 4 години.

Дарко Штаргоски