Светски економски форум

Македонија со скок од 10 места на листата на конкурентност

03.09.2014 09:33

Според извештајот на Светскиот економнски форум за 2014-2015 , индексот на конкуреност на Македонија изнесува 4,26 на скалата од 1 до 7...

Македонија е на 63-то место на листата на конкуреноста во најновиот извештај на Светскиот економски форум искачувајќи се за 10 места во однос на претходната година кога беше рангирана на 73-тата позиција.

Од земјите во регионот Црна Гора е на 67-мо место, Словенија на 70-то место, Хрватска на 77-то, Грција 81-во, Србија 94-то и Албанија на 97-то место

Според извештајот на Светскиот економнски форум за 2014-2015 , индексот на конкуреност на Македонија изнесува 4,26 на скалата од 1 до 7.

Според извештајот, најконкурентна од 144 рангирани земји во светот е Швајцарија, по неа се Сингапур, САД, Финска, Германија, Јапонија, Хонг Конг, Холандија, Велика Британија и Шведска.