Расте преработувачката индустрија

03.09.2014 09:43

Преработувачката индустрија на овошје и зеленчук го зголемува производството. Лани извозот од 45 индустриски капацитети тежеше скоро 44 илјади тони...

Од 45 преработувачки капацитети лани биле откупени скоро 74 илјади тони суровина за преработка, а извезени 44 илјади, што е рекорд во оваа гранка.

За ова придонесе Државата  со финансиска буџетска поддршка за предаденото градинарско и овошно производство во конзервната индустрија.

Се поедноставува и постапката за добивањето на кредити за нови капацитети, за проширување на постоечките и за нивна модернизација.

Според асоцијацијата на преработувачите, македонските производи имаат добара побарувачка кај купувачите од странство.

Најголем е пазарот во Европската унија, со строги безбедносни критериуми за  храната.

Овој пораст е ограничен поради проблемите на организиран пласман и стандардизиран квалитет на производите.

 

Методија Трајков