Еулекс нареди аспење на „Доктор Смрт“ и екстрадиција во Косово

03.09.2014 11:07

Така наречениот „Доктор Смрт“ бил лоциран во Амстердам и се очекува да биде екстрадиран на Косово, каде што се води постапка против него...

Еулекс и нареди на холандската полиција итно да го уапси турскиот лекар Јусуф Сонмез, првообвинет во случајот „Медикус“ за киднапирање и трговија со органи на Косово.

Така наречениот „Доктор Смрт“ бил лоциран во Амстердам и се очекува да биде екстрадиран на Косово, каде што се води постапка против него.

Сонмез беше уапсен на почетокот на јануари 2011 година во Истанбул, но набрзо по сослушувањето беше пуштен на слобода со образложение дека има уредно пријавен престој.

Интерпол пред неколку години распиша потерница по него, а српското обвинителство го контактирало преку мејл, претставувајќи се како клиент што сака да купи бубрег.