Хамилтон на врвот на магичната трка

06.09.2014 15:28

Битката за титулата меѓу лидерот Розберг и Хамилтон е 29 разлика за Германецот, но со маестралниот круг на Монца, 1:24:09, Британецот беше воведно побрз за 2 десетинки...

Луис Хамилтон ќе стартува прв на Монца, 5-ти пат сезонава. Веднаш до него е тимскиот колега Нико Розберг, кој што остана на 7 и не е најдобар по 4 редоследно освоени пол позиции. Двоецот на Мерцедс и натаму царува во квалификациите, со само еден пораз во првите денови од викендите, но од Монако има проблеми на трките.
 
Битката за титулата меѓу лидерот Розберг и Хамилтон е 29 разлика за Германецот, но со маестралниот круг на Монца, 1:24:09, Британецот беше воведно побрз за 2 десетинки. Возбудата ќе кулминира на утрешниот старт, во првиот свиок, кога повторно ќе ги вкрстат роговите двајцата најсериозни кандидати за големиот трофеј сезонава.
 
Валтери Ботас и Фелипе Маса го окупираа вториот стартен ред, со што Вилијамс ја докажа добрата форма и го потврди напредокот, последниве два викенда. Разочара Ферари, со 7-та позиција на Алонсо и 12-та на Раиконен.
 
Магнусен и Батон извозеа одлични кругови и се пласираа на 5-та и на 6-та позиција. Фетел е 8-ми, Рикиардо на 9-та позиција, Перез ги шокира сите со 10-та. Мерцедес води во двете категории, кај возaчите и кај тимовите.
 
Монца се вози утре, од 14 часот, во живо на МРТ1.