Нова победа за Себастијан Фетел

14.10.2013 11:39

Актуелниот светски шампион во Формула 1 Себастијан Фетел постигна нова победа. Тој денеска на патеката во Сузука триумфираше во трката за Големата награда на Јапонија. Ова за Фетел е 10.та победа сезонава, а петта поред или вкупно 35.та во кариерата. Со новите бодови Фетел има 90 повеќе од вториот во генералниот пласман Фернандо Алонсо и на следната трка може да ја одбрани титулата, потребни му се уште 10 бодови.
 
Второто место денеска го освои неговиот клупски колега од Ред Бул, Марк Вебер и оваа екипа вторпат годинава (по ГН Малезија) има „1-2“ триумф на една трка.  Место на пиедесталот избори и возачот на Лотус, Себастијан Грожан. Тој третото место сезонава го освојува по 4.ти пат, вторпат по ред.
На листата возачи што освоија бодови се наоѓаат: Фернандо Алонсо, Кими Раиконен, Нико Хулкенберг, Естебан Гутиерез (први бодови во Ф1), Нико Розберг, Џенсон Батон и Фелипе Маса.
 
Во генералниот пласман Фетел има 297 бодови, Алонсо 207 и Раиконен 177.
Кај конструкторите води Ред Бул со 445 бодови, Ферари има 297, а Мерцедес 287.
 
Следната трка се вози на 27.октомври за ГН на Индија.