Формула 1

Хамилтон супериорно го освои Сингапур

21.09.2014 17:02

Нова 7-ма победа сезонава, 29-та во кариерата на Луис Хамилтон за преземање на водството во генералниот пласман сега со три поена во однос на клупскиот колега Нико Росберг кој уште на стартот се соочи со проблеми и не ја заврши трката. Но затоа хамилтон мина доминантно ниа улиците на Марина Беј. По стартот од пол континуирано беше на првата позиција, одлично речиси неверојатно ги менаџираше пневматиците и ниту еднаш не ја доведе својата победа во прашање.

Нова 7-ма победа сезонава, 29-та во кариерата на Луис Хамилтон за преземање на водството во генералниот пласман сега со три поена во однос на клупскиот колега Нико Росберг кој уште на стартот се соочи со проблеми и не ја заврши трката. Но затоа хамилтон мина доминантно ниа улиците на Марина Беј. По стартот од пол континуирано беше на првата позиција, одлично речиси неверојатно ги менаџираше пневматиците и ниту еднаш не ја доведе својата победа во прашање. Крај себе на пиедесталот на крајот ги имаше двајцата возачи на Ред Бул кој демонстрира солиден прогрес во Сингапур. Фетел го освои второто место, Рикардо е трет, а иако беше во позиција за напад на пиедесталот Алонсо не ризикуваше во финишот и заврши на 4-тото место. МАса сигурен 5-ти, а вобуда на крајот на маратонската двочасовна трка внесоа Верњ, Перес и Раиконен кои се пласираа од 6-тата до 8-та позиција, за бодовната десетка да ја комплетираат Хулкенберг и Магнусен. Штета за Ботас кој ја почна акцијата во полседниот круг,но остана без грип и без поени, а и ја загуби од Алонсо 4-тата позиција во поредокот.

Следната трка од преостанатите 5 се вози  на 5 октомври за големата награда на Јапонија.