Формула 1

Сепак само обична жица

23.09.2014 13:58

Во светот на најсофостицирана технологија, врвни компоненти и скапи материјали што се користат во болидите на формула 1, сепак на крајот се се сведува на една обична бакарна жица.Мерцедес ја откри причината за откажувањето на Нико Росберг на големата награда на Сингапур. Не е ниту механички проблем, ниту во комплексниот софтвер, туку во некоја од жиците што го поврзуваат управувачот со другите делови од болидот.

Иако Мерцедесот на Росберг немаше никакви проблеми за време на кругот при заземање на позициите на гридот, сепак непосредно пред стартот на загревачкиот круг болидот едноставно не сакаше да тргне од место.Не помогна ниту промената на управувачот пред стартот од пит-лејнот, па на крајот по 14 тешки кругови Росберг мораше да се повлече од трката.Од Мерцедес тврдат дека склопот жици биле во својот работен век и ништо не иницирало дека треба да бидат сменети.Веројатно краток спој или прекин бил причина што довела до комплетно откажување на батеријата ,а со тоа и на користењето на хибридната енергија, ДРС-от, а и менувачот кој функционирал само во неколку брзини и тоа при голем број на вртежи на агрегатот.

Како и да е, сепак само обична жица го чинеше Росберг губење на лидерската позиција во генералниот пласман.