Формула 1

Алонсо и Ферари во критична точка на преговорите

24.09.2014 14:13

Некогаш се претпоставуваше дека Фернандо Алонсо ќе ја завшри својата кариера во Маранело, со многу титули зад себе, но ситуацијата во тимот е невообичаено тензична поради слабите резултати...

Италијанската екипа и Шпанецот долго, долго време ги избегнуваа шпекулациите околу заедничката иднина, но најверојатно, дојден е денот на разврска. Како што неколку пати и самиот истакнуваше, Алонсо по Сингапур дури и потврди дека постојат фракции што сакаат да им наштетат и нему и на најтрофејната екипа во историјата на најбрзиот спорт.
 
Некогаш се претпоставуваше дека Фернандо Алонсо ќе ја завшри својата кариера во Маранело, со многу титули зад себе, но ситуацијата во тимот е невообичаено тензична поради слабите резултати. Тоа се манифестира особено силно, по заминувањето на Лука Ди Монтеѕемоло и на Стефано Доменикали.
 
Новите челни фигури, Марко Матиачи и Серџо Маркионе се дојдени и според изјавите што ги пласираат се решени да го вратат Ферари таму каде што припаѓа. Бојата на нивниот тон и содржината на нивните настапи пред медиумите, не оставаат простор за сентименталности, односно се бараат резултати и тоа експресно, екстремно брзо.
 
Доаѓа моментот кога на површина ќе исплива одличната финансиска состојба во која што Монтеѕемоло го остави Ферари, а која што новите предводници ќе мора да ја искористат во обидот „црвените“ да се вратат на победничките патеки. Кристално e јасно и дека Алонсо, е најдоброто што можеше да му се случи на Ферари, во оваа деценија на катастрофални резултати.
 
Тоа значи дека тимот конечно ќе мора да го постави грбот и да застане зад лошите резултати, во ситуација кога сите експерти оценуваат дека Шпанецот дава максимум, со „кантата“ во која што вози. Но, од друга страна, тоа ќе значи и дека Алонсо ќе мора да покаже детерминираност, за резултати на долги патеки и да ги отфрли сите шпекулации, околу неговото евентуално заминување.
 
Договорот на Алонсо и Ферари истекува 2016-та. Можно е продолжување. Не е ноевозможно да се врати хармонијата. Но, не е невозможно ниту да дојде до развод на скапата љубовна приказна. Најдобро платениот возач и најбогатата екипа, во изминатите сезони немаа конкретен резултат - титула, односно титули во двете конкуренции. Следните 2-3 седмици се круцијални, преговорите почнаа...