Русите не сакаат Ф1

29.09.2014 14:33

Според анкетата на германскиот спортски весник Спорт дури 71 насто од испитаниците во Русија се против одржувањето на трката за големата награда на Русија на патеката во олимписко Сочи. Главната причина според весникот е актуелната политичка ситуација, тензијата  и нарушените односи на Русија со западните земји.

Сепак промотерот на трката Сергеј Воробјев е дециден дека трката ќе се одржи , а како поткрепа стигна и изјавата на рускиот заменик премиер Дмитри Козак дека спортот е надвор од политиката и така треба да биде прифатен.

Без оглед и на поделените мислења кај дел од екипите, тие се задолжени и обврзани со договор да настапат на сите трки во календарот на ФИА од каде што директорот Чарли Вајтинг, кој беше во последна инспекција на патеката потврди дека се создадени сите предуслови за одржување трка на автодромот во Сочи.