Хамилтон повторно најбрз

11.10.2014 17:15

Луис Хамилтон ја освои пол позицијата во Русија. Најдобриот резултат во квалификациите во Сочи,е 7-мо најбрзо време за британскиот возач сезонава, второ по ред, вкупно 38-мо во кариерата.

Неговиот тимски колега од Мерцедес, Нико Розберг се закани во финишот на квалификациите, но маестралниот последен круг на Хамилтон ги урна сите надежи на Германецот и на другите конкуренти. Единствено Ботас можеше да го анулира и да го подобри остварувањето на лидерот во генералниот поредок, но Финецот не издржа под притисокот и попушти во последниот свиок.

Кога ќе се сумираат и казните од 5 позиции, поради промените на менувачите и на моторите, Топ 10 пласманот е: Хамилтон, Розберг, Ботас, Батон, Квјат, Рикиардо, Алонсо, Раиконен, Верн и Фетел.
Првата трка за ГН на Русија е утре, од 13 часот, во живо на Македонската Телевизија.