Триумфален викенд за Мерцедес

12.10.2014 15:44

Луис Хамилтон победи во Сочи, на првото руско Гран При. Мерцедес ја освои првата конструкторска титула, во историјата. Маестралните квалификации му помогнаа на Британецот, но и грешката на Розберг по одличниот старт, да стигне до +17 во генералниот поредок, во кој што се се врти околу Германците.

Хамилтон извозе безгрешно по лошиот и дефанзивно ориентиран старт, а Розберг се врати на втората позиција откако помина цели 52 круга со еден сет пневматици, што ги замени во вториот круг. Ботас се провлече до третото место и ја подгреа битката, за третата позиција во генералниот поредок.

Батон и Магнусен го комплетираа одличниот викенд за Мекларен, на 4-та и на 5-та позиција. Алонсо издржа под налетот на Рикиардо, а зад нив низ целта поминаа Фетел, Раиконен и последниот во бодови, Перез.

Хамилтон има 291 освоен бод, пред Розберг со 274, на три трки и вкупно 100 можни бодови до крајот. Следните Ф1 возбудувања се на 2-ри ноември, во Остин (САД).