Хамилтон е новиот шампион

23.11.2014 17:11

Со 11-тата победа во сезоната што го направи првиот возач со таков ефект што не е од Германија покрај Фетел и Шумахер, 4-ти британец со две или повеќе шампионски титули покрај легендарните Џеки Стјуарт, Грем Хил и Џим Кларк...

„Луис, ти си легенда“- беа зборовите на принцот Хари на тимското радио на Мерцедес на крајот од трката за големата награда на Абу Даби-последна во 65-тата сезона на формула 1 шампионатот. А влегувањето меѓу легендите Луис Хамилтон го направи на вистински начин: Со 11-тата победа во сезоната што го направи првиот возач со таков ефект што не е од Германија покрај Фетел и Шумахер, 4-ти британец со две или повеќе шампионски титули покрај легендарните Џеки Стјуарт, Грем Хил и Џим Кларк.

6 години по 2008-та британецот го чекаше моментот за втората шампионска титула. На Јас Марина тргна супериорно по фантастичниот старт откако носителот на пол позицијата и единствениот конкурент во шампионската битка Нико Росберг пролизга и ја загуби позицијата. РАботите околу новиот шампион станаа уште појасни во 25-от круг откако германецот ја загуби силата во моторот и едвај ја заврши трката, па единствена закана за Хамилтон остана Маса кој сепак иако се доближи на крајот не можеше да ја оспори победата на Луис.

Одличниот викенд за Вилијамс го заокружи Ботас со третото место на пиедесталот и одличниот пласман на 4-тата позиција во поредокот кај возачите зад Хамилтон, Росберг и Рикардо. А токму Рикардо беше единствениот што во сезоната ја оспори супериорноста на Мерцедес со трите победи и денешниот прогрес од старт во пит лејнот до 4-тото место на крајот на трката. 16-тата победа пак за Мерцедес во една сезона значеше и нов тимски рекорд во историјата во однос на Мекларен и Ферари кои во најдобрите сезони бележеа по 15 триумфи.

Бодови на завршната трка во Абу Даби освоија уште Батон, Хулкенберг, Перез, Фетел, Алонсо и Раиконен.