Eвропската епархија на МПЦ достојно го одбележува дводеценискиот јубилеј

25.11.2014 13:26

Иако црковна општина „Свети Архангел Михаил“ од Лондон е формирана во деведесетите години од минатиот век, сепак својот духовен и црковен развој го живее токму во последните седум години...

Ако до пред неколку години се собиравме само на големите празници, сега се радувам што не има во толку голeм број и што имаме редовни богослужби, што имаме свештеник кој постојано е со вас. Ова го кажа европскиот владика Пимен на празничната литургија по повод празникот Свети Архангел Михаил, која ја одржа заедно со свештеникот отец Виктор Стојчев и со свештеникот Кирко Велински во црковната општина „Свети Архангел Михаил“ во Лондон.

Eвропската епархија на Македонската Православна Црква достојно го одбележува дводеценискиот јубилеј. Иако црковна општина „Свети Архангел Михаил“ од Лондон е формирана во деведесетите години од минатиот век, сепак својот духовен и црковен развој го живее токму во последните седум години. Според последните податоци, во Лондон живеат околу пет илјади Македонци, кои во последниве неколку години се собираат заедно на богослужби во црковнта општина „Свети Архангел Михаил“. 

А, како потврда на сево ова е и испратената телеграма од Првиот човек на Црквата во Лондон Бискупот Ричард, со честитики за јубилејот на Епархијата и Црковната општина.

Чести се и средбите на Митрополитот Европски со неговата екселенција Бискупот Риучард кој и дава целосна подршка на македонската зедница која шивее и работи во Лондон.

Од пред четири години во оваа  црковната општина има и наставник по македонски јазик кој одржува два пати месечно по два часа. Има храм на постојано користење, редовни средби со македонците што живеат и работат во Лондон.