Дебатни

АКЦЕНТ

Четврток, 20:15

Неделава погледот е свртен кон Охрид, каде се одржува 18-та Годишна конференција на Македонската берза. Има многу прашања за домашниот пазар со хартии од вредност, кои бараат и многу одговори. Може ли берзата да остане имуна на политичките случувања, дали домашниот пазар е атрактивен за вложување, колку регионалното поврзување може да го зголеми интересот за тргување, и дали инвеститорите треба да имаат поголема верба во македонските компании, кои и во услови на политичка криза, остварија солидни финансиски резултати. Гостин во ова издание на „Акцент“ е првиот човек на Берзата, Иван Штериев.