Потрошувачите да се информираат за своите права!

21.12.2014 17:28

Голем дел од граѓаните не си ги знаат потрошувачките права и паѓаат во замките на трговците...

Потрошувачот е секогаш во право вели оваа трговската поговорка, но списокот на прегазени права на купувачите е се поширок. Во Организацијата на потрошувачи годишно пристигнуваат околу 2 илјади жалби.

Голем дел од граѓаните не си ги знаат потрошувачките права и паѓаат во замките на трговците.

Во екот на новогодишната шопиниг треска, стартува кампањата за заштита на купувачите. Надлежните со совети за граѓаните, како да ги остварат своите права и да направат сигурна зделка.

„Ќе бидат поделени над 10 илјади летоци во кои ќе бидат објаснети правата на потрошувачите“, вели Марјан Додовски, претседател на Советот на потрошувачи на Град Скопје.

Иако не се едниствените за поднесување претставки и жалби, граѓаните најчесто своето незадоволство го изразуваат во Организацијата на потрошувачи.

„Сметаме дека доста сме им помогнале на потрошувачите во домен на советување, едукација, процесуирање на поплаки до надлежни органи“, велат од таму.

Натпишани сметки, макотрпно прекинати договори, невратен производ наспроти важечката гаранција се само дел од секојдневните манипулации со кои граѓаните се соочуваат во трговската и услужната мрежа. Според податоците околу 70 проценти од поднесените претставките завршуваат во корист на потрошувачите.

 

Сунчица Николовска