Со напори до петок да се постигне согласност за Извештајот за 24 декември

20.08.2013 12:47

Претседателот на Владата Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната средба се договориле крајниот рок за постигнување согласност за Извештајот на комисијата

Претседателот на Владата Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната средба се договориле крајниот рок за постигнување согласност за Извештајот на комисијата за настаните на 24 декември да биде пролонгиран до петок, по што доколку не биде постигната согласност ќе се смета дека не може да се постигне конечно решение.

Во заедничкото усогласено соопштение се наведува дека Груевски и Заев се договориле во периодот што следува да се вложат последни напори за откочување на процесот, негово интензивирање и донесување конечно решение околу извештајот на комисијата, како последен обид за постигнување на договор, чие евентуално недонесување ги загрозува европските перспективи на Република Македонија.

За договорените активности во наредниот период јавноста ќе биде навремено информирана, се вели во соопштението.