Спортски

ТЕЛЕСПОРТ

Понеделник, 18:25

Телеспорт е емисија што се враќа на програмата на МТВ по подолго време. Ќе има информативен и аналитички карактер, а најчесто ќе третира теми од домашниот спорт.

Во 30-те понеделнички минути ќе ги прикажеме головите од нашите прволигашки фудбалски терени, ќе ги оценуваме спорните моменти од нив, ќе ги промовираме настаните што ја привлекуваат нашата спортска јавност, а ќе ги отвараме и темите од горлив карактер.