Формула 1 останува на МРТ и во следните 3 сезони

13.03.2015 20:15

Со проектот Ф1 на МРТ1 стартуваме утре во 7 часот кога на програмата се квалификациите, а преносот од трката е во недела со почеток од 6 часот изутрина...

Најатрактивното натпреварување во авто спортот ја стартува својата 66 сезона задутре на “Мелбурн парк“ со трката за Големата награда на Австралија. На денешниот тренинг најбрзи беа возачите на Мерцедес, Нико Розберг и Луис Хамилтон.

Актуелниот вицешампион Розберг беше за една десетинка подобар во однос на бранителот на титулата и седум десетинки предност во однос на Себастијан Фетел. Четирикратниот светски шампион сезонава ќе дебитира во болидот на Ферари со цел да го врати приматот, а на првичните тренинзи беше за нијанса подобар од клупскиот колега Кими Раиконен.

Џенсон Батон, уште еден екс шампион кој настапува за Мекларен беше само 12 – ти, додека Данецот Кевин Магнусен, кој е замена на првата трка за повредениот Фернандо Алонсо, доживеа инцидент. Шпанецот ќе биде подготвен за втората трка сезонава на малезиското Гран при.

Годинашниот календар се состои од 20 трки, или една повеќе од лани, благодарение на враќањето на Мексико во најбрзиот циркус. Ќе се вози на сите континенти освен во Африка, а сезоната ќе заврши на 29 ноември во Абу Даби.

Со проектот Ф1 на МРТ1 стартуваме утре во 7 часот кога на програмата се квалификациите, а преносот од трката е во недела со почеток од 6 часот изутрина.