Прва пол позиција сезонава за Розберг

09.05.2015 16:28

Розберг конечно може да се насмевне, дури во 5-та трка од новата Ф1 сезона, затоа што Хамилтон ќе му гледа во тилот...

Прва добиена битка за Германецот, во директната пресметка со кллупскиот колега, во двобојот за титулата.
 
Розберг конечно може да се насмевне, дури во 5-та трка од новата Ф1 сезона, затоа што Хамилтон ќе му гледа во тилот. Стартот во Шпанија, на последните 10 трки значел 8 победи за освојувачот на најдоброто место на гридот. Од 2007-та, на 8 трки дури 8 различни имиња застанале на највисокото место на пиедесталот, меѓу кои што го нема Розберг. Дали ќе продолжи трендот, ќе гледаме утре, до 14 часот, во живо на МТВ.
 
Во топ 10 поредокот од квалификациите, во вториот ред се пласираа Фетел од Ферари и Ботас од Вилијамс, пред Саинц и Ферстапен кои што извозеа одлични квалификации за Торо Росо. Следуваат Раиконен, Маса и Рикиардо. Алонсо и Батон ќе стартуваат од 13-та и од 14-та позиција, но Мекларен зачекори напред со пласманот во втората сесија, прв пат сезонава.
 
Во поредокот кај возачите, Хамилтон со три победи во 4 трки е убедлив пред Розберг, трет е Фетел, а кај тимовите Мерцедес е неприкосновен, пред Ферари.