Росберг победи, Хамилтон загуби добиена трка

24.05.2015 18:16

Хамилтон старуваше од пол и до 64-от круг беше во убедливо водство пред Росберг и Фетел. Инцидентот во кој Верстапен заврши во болидот на Гросжан беше причина на 14 круга до крајот на патеката да се појави безбедносното возило...

Грешка или намера,контроверзна завршница на трката за големата награда на Монако.Хамилтон загуби добиена трка,Росберг среќно по трет пат едноподруго го освои Монте Карло, а погрешната проценка во боксот на Луис ја искористи и Фетел кој се пласира на втората позиција.

Хамилтон старуваше од пол и до 64-от круг беше во убедливо водство пред Росберг и Фетел. Инцидентот во кој Верстапен заврши во болидот на Гросжан беше причина на 14 круга до крајот на патеката да се појави безбедносното возило. Стратегијата на водечките беше иста,со едно влегување во боксот да се заврши трката.Сепак веројатно поведени од убеливата предност на Хамилтон и за евентуална мирна завршница што се однесува до пневматиците британецот е повикан на менување.Веројатно погрешната пресметка беше причина на излегувањето од пит-лејнот Хамилтон да ја загуби првата позиција и да излезе зад Фетел на третата отворајќи ја дилемата дали воопшто мораше да менува и дали зад сето тоа има грешка или намера.Без желба да се појави на подиумот и на прес-конференцијата Хамилтон само прокоментира:Заедно со тимот ги добиваме и ги губиме трките.

Со исклучок на споменатиот инцидент трката во Монако мина релативно мирно.Бодови освоија Квјат и Рикардо со пласман на 4-тото и 5-тото место,Раиконен беше 6-ти,Перез пред Батон кој ги забележа првите поени за Мекларен Хонда во ситуација кога Алонсо уште еднапш не заврши трка,а во бодови влегоа и Наср и Сајнц.

Во поредокот Росберг ја намали предноста на Хамилтон на 10 поени,а Фетел на 28 на третата позиција.

Контроверзна трка во кнежевството за која уште долго ќе се зборува или барем до 7 јуни и трката за големата награда на Канада.