Формула

Тешка,но и омилена

05.06.2015 18:00

олемата награда на Канада е новиот предизвик. Една од ретките што нуди доволно можности за претекнување, па не изненадува фактот што само на 15 вод 35-те досега одржани трки победиле носителите на пол-позиција...

14 свиоци,две ДРС зони и неколку долги правци ги очекуваат возачите во Формула 1 на 7-та трка во сезоната на најбрзата патека позната по ѕидот на шампионите и по името на еден од нив Жил Вилнев. Големата награда на Канада е новиот предизвик. Една од ретките што нуди доволно можности за претекнување, па не изненадува фактот што само на 15 вод 35-те досега одржани трки победиле носителите на пол-позиција, но интересно е дека ниту еднаш не триумфирал возач што бил поназад од 10-тата позиција на стартот.

Токму од неа победи Лафит со Лижие во 1981-та. Од минатата на поранешниот Нотр-Дам како победник доаѓа Даниел Рикардо кој како и Жил Вилнев,Алеси,Хамилтон и Кубица, својата прва победа во кариерата ја забележа на канадското гран при. Историјата го памети Михаел Шумахер како најуспешен со 7 победи во Канада,во 2011-тата трката со прекини поради дождот траеше неверојатни 4 часа, а просечната брзина беше само 74 километри на час, безбедносното возило не е реткост во Канада, но пред 4 години дури 6 пати се појави на патеката.

Контроверзната победа на Росберг во Монте Карло ја намали разликата во генералниот поредок во однос на Хамилтон на 10 поени и одново се очекува дуел за врвот меѓу возачите на Мерцедес ,иако многу тимови  преку Атлантикот донесоа многу надградби на болидите.Колку ќе бидат успешни ќе видиме утре од 19 часот низ квалификациите и на трката в недела од 20 часот со преноси на македонската телевизија.