Победа што значи престиж

03.07.2015 17:10

Силверстон останува синоним во Формула 1,желба кај сите возачи да се победи на некогашниот воен аеродром ,да се влезе во друштво на легендите што го запишале своето име меѓу победниците...

Неколкупати ставана на листата за отстрел,со тенденција да го загуби местото во календарот на најбрзиот спорт,легендарната патека и натаму останува дел од Формула 1 шампионатот,со богата историја зад себе и како една од трите патеки што се возеле во првата сезона,а и натаму опстојуваат и ја испишуваат богатата историја на авто- мото спорот. Силверстон останува синоним во Формула 1,желба кај сите возачи да се победи на некогашниот воен аеродром ,да се влезе во друштво на легендите што го запишале своето име меѓу победниците ,да ја дополнат листата на која првото име од мај 1950-тата е Џузапе Фарина .

Како и спортот и технолигијата така и патеката еволуирала во изминатите децении,но останува како една од најбрзите во календарот,со доста можности за претекнување и со две ДРС зони кои можад да го дополнат задоволството за возбудлива трка.Долгите правци и брзите свиоци во првите два сектора со мала употреба на сопирачките го минимизираат полнењењето на кинетичките енергетски единици што на одреден начин го фаворизира лидерскиот тандем на Мерцедес кој располага со најсовршениот хибриден систем,но сепак, Силверстон е патека која се минува по најразлични линии низ свиоците,доволно широка за напад и за демонстрација на возачките способности.

Пол Позицијата и не игра којзнае колку значајна улога,во последните 10 години од пол славеле само Алонсо во 2006-тата и Фетел три години потоа за во минатата Хамилтон да стигне до највисокото место на победничкиот пиедестал од 6-тата позиција на стартот. Возачите во пресрет на деветтата трка сезонава имаат забелешка на конзервативниот пристап на Пирели кој за да избегне непријатности како во минатата година се реши да ги понуди тврдите компоненти на пневматици што наиде на критики особено од Ферари дека на тој начин гумите одново се ставаат во преден план а не и можноста за вистинска трка.дека мерцедес е со најголеми шанси потврда се и времињата на тренинзите.

Првиот му припадна на Росберг со 7 стотинки пред хамилтон,Верстапен доцнеше цела секунда како и тандемот на ферари Раиконен-Фетел кои се пласираа на 4-тото односно 6-тото место. Квалификациите за британското гран-при се утре од 14 часот, трката в недела во истиот термин со преноси на МТВ.