Уште Хунгароринг пред распустот

24.07.2015 13:47

Унгарското гранд при е 10-от предизвик во сезоната чија прва половина е под знакот на доминацијата на Мерцедес...

Во очекување на летниот распуст, иако за најголемиот дел возачи и тимови ќе биде работен, Унгарското гранд при е 10-от предизвик во сезоната чија прва половина е под знакот на доминацијата на Мерцедес.

Хунгароринг не е спектакуларна патека,тесна со 14 свиоци распоредени на 4,3 километри речиси без можност за претекнување и со епитетот Монте Карло без ѕидови,сепак е патека што во континуитет се вози од 1986-тата и е во друштво на Монако и Монца како патеки кои најдолго се возат во континуитет.По брзиот Силверстоун,Хунгароринг ќе понуди просечна брзина од само 190-тина километри на час,две ДРС зони кои немора да значат ништо за евентуалните претекнувања,проблеми за тимовите да ја максимизираат потисната сила на болидите поради потребата од механички грип за кој ќе бидат задолжени и меките и медиум компонентите на Пирели. 306-те километри се екстремно напорни за возачите,а високите температури во најава и традиционално валканата патека ќе бидат предизвик повеќе. Откако вчера беа измерени рекордни во последните 2 години на било која патека 59 степени целзиусови предизвикот Хунгароринг денеска најдобро го почувствува Перез на првиот слободен тренинг. Излезе неповреден но со големо искуство,а и Раиконен се прашуваше што му се случи со предниот спојлер што едноставно се распадна.Мерцедесите беа очекувано најбрзи,Хамилтон пред Росберг,следени од Раиконен ,Рикардо,Квјат и Фетел.

Во ситуација кога претекнувањата се тешки пол позицијата на Унгарското гранд при може да има пресудна улога.Во последните 29 трки на 13 победил носителот на пол позицијата , но интересно на 27 трки од 29-те триумфирал возач од првиот ред.Каков ќе биде гридот во пресрет на недалната трка закажана за 14 часот проверете утре во истиот термин низ преносот од квалификациите за големата награда на Унгарија.