Трка за уживање

26.07.2015 17:11

Поранешниот четирикратен шампион никогаш не славел во Унгарија,но по фантастичниот старт и минувањето на двоецот на Мерцедес едноставно никој не можеше да му застане на патот...

Неверојатна, трка што одамна се нема случено во Формула 1,возбудлива,непредвидлива ,исполнета од почеток до крај и тоа онаму каде што најмалку се очекуваше, на Хунгароринг и на унгарското гран при.Два часа чиста битка,претекнувања, инциденти ,казни и победник од сето тоа Себастијан Фетел и Ферари.Поранешниот четирикратен шампион никогаш не славел во Унгарија,но по фантастичниот старт и минувањето на двоецот на Мерцедес едноставно никој не можеше да му застане на патот до 41-та победа во кариерата со која се израмни на третото место на вечната листа со Сена,а зад Прост со 51 и Шумахер со тешко достижни 91 победа.

Уште помалку за очекување беше дека пиедесталот ќе го пополнат возачите на Ред Бул Квјат и Рикардо, како и влегувањето во поени на двата Мекларена со 5-тото место на Алонсо и 9-тото на Батон. Фаворизираните Мерцедеси завршија на 6-тото место, Хамилтон и на 8-ми Росберг.

Кратка рекапитулација. Двата болида на Ферари одлични на стартот и веднаш ги презедоа првите 2 позиции од Мерцедесите.Хамилтон имаше контакт и падна на 10-тото место, но полека ги враќаше позициите. Во 42-от круг се рападна предното крило на Хулкенберг и безбедносното возило дополнително ја врати тензијата во трката. Раиконен ја изгуби моќта на моторот и мораше да се откаже,во битка за второто место во 64-от круг повеќе настрада Росберг, па Рикардо успеа да се врати од боксот и зад својот клубски колега Квјат кој за прв се избиори за подуим да се пласира на третото место.

На врвот на поредокот Хамилтон го задржа водството и го зголеми на 21 поен во однос на Росберг, но по денешните настани и се поголемата конкурентност на Ферари,Ред Бул и Вилијамс за очекување дека продолжението на сезоната кон крајот на август на Спа ќе донесе многу повеќе возбудувања.Хунгароринг беше одлична најава за вториот дел,но до него летниот одмор во Формула 1.