И Баерн знае да губи!

19.01.2014 14:15

Баерн ретко губи....

Баерн ретко губи, па секој негов пораз е речиси сензационална вест, особено ако е од екипа од рангот на Ред Бул Салцбург. Европскиот првак на контролата во Австрија беше декласиран со 3-0, а со оглед дека лошиот резултат е остварен во пријателски натпревар, не остава последици во реализицијата на амбициите за баварскиот гигант. Напротив, може да биде добра лекција пред продолжувањето на сезоната.

„Досега на подготовките победувавме и немавме многу можности да зборуваме за порази. А сега веќе никој нема да ме праша дали Баерн може да загуби“, рече тренерот на минхенскиот тим Пеп Гвардиола, кој во поразот препозна отрезнување за играчите пред натпреварот со Борусија Менхенгладбах в петок, прв од вториот дел од сезоната во германскиот шампионат.