Игран филм

ЖЕНИТЕ ОД СТЕПФОРД

Недела (15.01.2017) 20:15

САД, 2004

Режија: Френк Оз
Улоги: Никол Кидман, Бет Мидлер, Глен Клоуз, Метју Бродерик, Кристофер Вокен
Жанр: комедија/драма/трилер

Вистинското совршенство се наоѓа всушност во несовршеноста. Ова некој заборавил да им го каже на таинствените жители на Степфорд, во кој Никол Кидман ќе биде принудена да ја открие добро скриената тајна. Успешната претседателка на една телевизиска компанија, Џоана Еберхард, по шокантните случки што ги доживеала и нервното растројство се сели во најелитното предградие на Степфорд. Со помош на својата пријателка Боби таа открива дека и другите сопруги во Степфорд се среќни, но на чуден начин. Зошто сè во Степфорд изгледа совршено и што се крие зад лажната среќа на жените од Степфорд? Можеби тајната се крие во нивните мажи!