Во квечерината на Абу Даби за крај

27.11.2015 14:16

Последната рунда е на патеката што го отсликува спортот-футуристичката Јас Марина на која по 7-ми пат ќе се вози трката за големата награда на Абу Даби...

По 9 месеци,18 трки во 18 земји и над 18.000 комплетирани кругови,66-тата сезона во формула 1 стигна до својата завршница.Последната рунда е на патеката што го отсликува спортот-футуристичката Јас Марина на која по 7-ми пат ќе се вози трката за големата награда на Абу Даби.Три пати низ кратката историја на Јас Марина се одржала завршната трка на сезоната,а два пати се решавала шампионската титула.Со победата во  2010-тата Фетел стана најмладиот шампион во историјата на Ф1 и контроверзната минатосезонска трка со двојните бодови што му овозможи на Хамилтон да стигне до втората шампионска титула. Третата британецот ја освои уштр пред неколку трки,па завршната во шампионатот од тој аспект ќе биде неинтересна освен можеби за навивачите на Ботас и Раиконен кои се во битка за 4-тото место во поредокот што веројатно и на двајцата финци не им значи којзнае колку.Сепак супермодерната патека и трката во квечерината на средниот исток ,неверојатната архитектура и тркачките специфики кои ги нуди  Јас Марина се предизвик сам по себе.

Најдолгиот правец во календарор со 1200 метри нуди можност за брзини над  330 километри на час во текот на 14 секунди во кои болидите се под максимален број вртежи,а и повеќе од половина на патеката се минува под пол гас и со просечна брзина од над 200 километри на час.Двете ДРС зони нудат доволно миожности за претекнување на широката и безбедна патека која е предизвик и за механичарите поради комплексниот дизајн на правците и свиоците,но и од аспект на температурата која во текот на трката што почнува на стемнување, а завршува во мрак се намалува и за повеќе од 15 степени целзиусови.Мерцедес почна доминантно на првиот слободен тренинг,растобварени од притисокот на другите е да ја оспорат супериорноста на сребрените стрели и да најават интересна следна сезона.Колку ќе бидат во можност ќе видиме утре од 14 часот на квалификациите и в недела во истиот термин на трката за големата награда  на Абу Даби низ преносите на првиот програмски сервос на македонската телевизија.