Росберг од пол ќе го гледа зајдисонцето во Абу Даби

28.11.2015 16:53

И одново се се решаваше во завршните секунди од квалификациите кога се чинеше дека Хамилтон е на пол,Росберг врати со безмалку 4 десетинки подобро време...

Ќе остане дилемата дали Росберг е толку супериорен на крајот на сезоната или Хамилтон опуштен по освојувањето на шампионската титула,но германецот одново трет пат едноподруго и 7-ми пат сезонава стигна до пол позиција оневозможувајќи го својот клупски колега од Мерцедес сезоната да ја заокружи со јубилеен 50-ти старт од првото место на гридот.

И одново се се решаваше во завршните секунди од квалификациите кога се чинеше дека Хамилтон е на пол,Росберг врати со безмалку 4 десетинки подобро време,ако ништо друго да ја направи поинтересна трката и можеби да најави голема битка за шампионската титула во идната сезона.Раиконен го одбрани рејтингот на Ферари со третото време во квалификациите, откако Фетел поради проблеми неуспеа уште во првата сесија  и заедно со викендов фантастичниот Перез ќе стартува од вториот ред.Рикардо и Ботас го пополнија 3-от ред , а меѓу првите 10 на гридот ќе бидат и Хулкенберг,Маса,Квјат и Сајнц. Алонсо и Батон одново без пласман меѓу водечките,но на моменти најавија исчекрт во перфомансите на Хонда.

Последната трка во 66-тата сезона на формула 1 за големата награда на Абу Даби на феноменалната ултраскапа и модерна Јас Марина е утре од 14 часот со пренос на првиот програмски сервос на МРТ.