Росберг победник, Хамилтон шампион

29.11.2015 17:17

66-тата сезона мина под знакот на старо-новиот шампион Луис Хамилтон кој заврши втор на величенствената Јас Марина за 12-та еден - два победа на Мерцедес сезонава и потврда на доминацијата на сребрените стрели...

14-та победа во кариерата ,6-та и трета едноподруго сезонава- Росберг за прва пат го  освои Абу Даби, но 66-тата сезона мина под знакот на старо-новиот шампион Луис Хамилтон кој заврши втор на величенствената Јас Марина за 12-та еден - два победа на Мерцедес сезонава и потврда на доминацијата на сребрените стрели.Росберг тргна од пол и така заврши,Хамилтон со тимска стратегија можеби беше оневозможен во завршните кругови да се впушти во битка со клупскиот колега,а позицијата од стартот ја задржа и Раиконен со пласман на третата позиција минувајќи го Ботас во поредокон на 4-тото место.На крајот на сезоната трет е Фетел кој денеска со одлична тактика од 16-тата на стартот стигна до 4-тата позиција на крајот.Во релативно мирната трка бодови уште освоија Перез,Рикардо,Хулкенберг,Маса ,Гросжан и Квјат.

Сезоната заврши како што почна, со комплетна доминација на Мерцедес,со одделни блесоци на Ферари и со се поголема конкурентност на Вилијамс ,Ред Бул и Форс Индија што веројатно е најава за повозбудлива 67-ма сезона што ќе стартува во Австралија на 20 март идната година, одново со ексклузивни преноси на македонската телевизија.