Игран филм

КОБНО ПРЕСТРОЈУВАЊЕ

Понеделник (19.06.2017) 20:20
САД, 2002

Режија: Роџер Мичел
Улоги: Бен Афлек, Семјуел Л. Џексон, Тони Колет, Сидни Полак
Жанр: трилер

Успешниот адвокат Гавин Банек (Бен Афлек), брзајќи со автомобилот на суд каде што го очекува мултимилионска парница, се судрува со еден алкохоличар и агент во осигурителна компанија, кој исто така брза на суд за да добие старателство над своите деца. По кавгата, Банек ита кон судот, а Гибсон е скршен бидејќи задоцнува на својот случај. Наскоро и двајцата стануваат лути противници и настојуваат да си го загорчат животот.
Прекрасна трилер-драма која се занимава со судбинското прашање ШТО АКО, кога животот може да се смени во дел од секундата, но тоа не е доволна причина да се претвораме во нехумани и луѓе полни со одмазда.