Игран филм

МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ

Недела (15.01.2017) 14:15

САД, 2011

Режија: Крис Милер
Сценарио: Шарл Перо, Брајан Линч
Улоги: Антонио Бандерас, Селма Хаек, Зек Галифијанакис, Били Боб Торнтон, Гиљермо дел Торо
Жанр: авантура/анимиран/комедија

Пред многу години, пред да го запознае Шрек, легендарниот  Мачор во чизми, тргнува на херојско патување, заедно со големиот ум Хемти Демти и “премачканата” Кити - Меката шепа да ја украдат прочуената гуска која лежи на златни јајца. Ова е авантура за девет животи!

Мачорот е посебен лик, кој длабоко во душата  има големо срце и уште поголемо чувство за правда. Тој е многу горд и со големо его, но сепак има точка на топење- конзерва со туна или светлината од рефлекторите. Тој е обожуван и комичен лик. Ова слабичко суштество би требало да има тенко гласче, но наместо пискав глас, од неговата уста излегува длабок, сензуален и мистериозен глас на Антонио Бандерас.
Селма Хаек настапува во улогата на Кити, која претставува голем борец, како вербално, така и физички. Дури и фаталниот мачор, каков што е Мачорот во чизми, тешко се справува со госпоѓица каква што е Кити.

“Мачорот во чизми”  е комедија, но истовремено и приказна за бунт, пријателство и простување.
Врвен борец, љубовник и одметник, “Мачорот во чизми” станува херој кога тргнува во авантура, во која му се придружува шармантната Кити и генијалниот Хамти Дамти. Додека тие се обидуваат да го спасат градот, Џек и Џил, кои се одметнати од законот ќе направат се, за да ги осуетат нивните планови.