Игран филм

ДУХ: ПАСТУВОТ ОД СИМАРОН

Сабота (14.01.2017) 13:45
САД, 2002

Режија: Кели Ејсбери, Лорна Кук
Улоги: Мет Дајмон, Џејмс Кромвел, Џеф ЛеБо, Џон Рубано
Жанр: анимиран

Интересни случки и авантури во борбата за слобода и опстанок на дивиот коњ Спирит. Дивиот, млад и храбар коњ Спирит со помош на еден Индијанец тргнува на спектакуларно патување во невозможна мисија. Тој сака да ја спаси земјата на која живее и да си ја врати слободата. На возбудливото патување, преку величествените диви предели на американските беспаќа, храбриот Спирит се спријателува со младиот Индијанец, надмудрува цела коњичка единица, и се вљубува во убавата женка Рејн.
Прекрасна семејна авантура која според критичарите е најдобар анимиран филм по „Кралот на лавовите”.
Автори на музиката за филмот се Ханс Зимер и Брајан Адамс, кои се закитија со наградата Греми.